Заев и Гаши утре на разговори околу новото мнозинство
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.
Како што потврдија од СДСМ за МИА, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници.
Шефот на дипломатијата и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека „новото стабилно мнозинство во Парламентот е неспорно“ и оти тоа ќе биде објавено веќе наредната недела.
– Новото стабилно мнозинство е апсолутно неспорно и тоа ќе се случи наредните недели. Патот до тоа ново мнозинство е алтернативи, има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат тие разговори и преговори за постигнување на тоа мнозинство. Ќе повторам, многу е важно дека рационалните политички сили, па и пратеници одлучија во овој момент државата да не ја претворат во дел од проблемот, туку во дел од решението на нашата европска перспектива. Очекуваме да завршат тие разговори и верувам дека наредната недела веќе ќе имаме стабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата, рече Османи на новинарско прашање кога ќе биде официјализирано новото мнозинство на заедничката прес-конференција во Скопје со австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт.
Ново на Сител
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип
-
Речиси илјада вработени во сите инспекторати немаат плата
-
Од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите, заврши новогодишната кошничка