Заев: Груевски ќе биде вратен, помирување само за оние кои не учествувале во насилста
Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија, истакна премиерот Зоран Зав во интервју за Алсат-М, посочувајќи на примерот со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој откако беше осуден во 2010 година заради корупција избега од Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти.
– Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност пак кој сака нека е во државата, почнувајќи од мене, па кој било друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се поставуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски со Пржинскиот договор, па испадна дека не се договорил. Сѐ што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, рече Заев.
Во контекст, пак, на настаните во Собранието од 27 април лани и прдлозите на власта за помирување, а на опозицијата за целосна амнестија, Заев истакна дека може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилствата.
– Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, изјави Заев.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг