Македонија
27. January 2025 - 16:36

Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг

Во Струмица повторно тешко се дише од загадениот воздух. Поради надминатиот праг на алармирање на штетните ПМ 10 честички од синоќа на сила стапија и препораките на министеството за животна средина, по четврти пат оваа сезона. Екологистите од еколошкото друштво Планетум бараат зачестени контроли и ригорозни санкции, но и поголема координација помеѓу институциите.

Санкции бараат и еко активистите од здружението Здрава котлина од каде за 1 фебруари најавија протест , како израз на граѓанското незадоволство од енормното загадување на воздухот. Ти се сомневаат дека главна причината за  високите концентрации на загадувачките супстанции  не се дрвата.

Според истражувањето што беше спроведено од страна на лабораторијата при универзитетот Гоце Делчев од Штип како главвни загадувачи на воздухот во Струмица беа детектирани согорувањето на био масата и сообраќајот.