Заев ги достави до Иванов потписите за мандат
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска му го достави на претседателот Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада.
Заев на претсадателот Иванов во вилата „Водно“ му достави потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.
Тој пред средбата со претседателот на државата во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта.
- Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање на нова влада на граѓаните на Република Македонија. Истовремено имам прилика до сите граѓани и до институциите во државата да им порачам дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија, рече Заев.
На средбата кај претседателот Иванов присуствуваа и потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.
Од кабинетот на Иванов претходно информираа дека по доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува претседателот да донесе одлука во наредните денови.
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка