Заев: Дај Боже сите да земаме 10.000 евра плата и да плаќаме повисоки даноци
Тие што земаат повисоки плати треба плаќаат повеќе данок, смета премиерот Заев. Прогресивното оданочување е во владината програма и ќе се спроведе.
Но пред тоа треба да се направи дебата и да се чуе мислењето на сите засегнати страни. Но Заев не го открива неговиот став за тоа дали прагот за прогресивен персоналец треба да биде 1000 евра.
Вели дека со тоа би влијаел на дебатирањето на јавноста. Преку анализи ќе се открие границата.
Не може и тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да плаќаат ист данок, тоа не е фер општество. Дај Боже да земаме сите по 10.000 евра плата, па да платиме повисоки даноци, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за коментар за најавеното воведување данок од 18 отсто за граѓаните чии приходи се над 1.000 евра. Според него, дебатата за оваа даночна реформа почнала прерано, затоа што Министерството за финансии сè уште нема излезено со аргументи.
Заев посочи дека се размислува и за воведување на данок на добивка од 3 отсто за компаниите од ИТ секторот, за да се мотивираат големите компании да влезат во змејава.
Вицепремиерот Анѓушев е скоро со ист став како премиерот. Смета дека без анализа и дебати не треба да се утврдува прагот. Откако претхиодно се изјасни дека границата треба да биде повисока.
Прогресивниот персоналец ќе се воведе од следната година. Претходно Владата ги зголеми акцизата за нафтата и
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар