Заев: Банални станаа прашањата за морална одговорност и моја оставка
Премиерот Зоран Заев, на денешниот брифинг со новинарите кажа дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално.
„СДСМ има квалитетни кадри кои што можат и Зоран Заев и било кој да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие приметивте стана банално ова целото сите овие денови“, одговорајќи Заев на новинарско прашање.
Според премиерот, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово, министерот, како и заменик министерот за здравство.
„Истрагата да заврши да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД