Заев апелира на воздржаност од говор на омраза и разгорување нетрпеливист
Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој на 29 минатиот месец физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.
- Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните, наведе Заев на својот фејсбук профил.
Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме, порачува Заев, изразувајќи сочувство до семејството на младиот Саздовски.
Саздовски им подлегна на повредите од нападот вчера изутрина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски во врска со нападот врз Саздовски вчера изјави дека насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, потенцирајќи дека во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот ќе одговараат пред законот.
Ангеловски упати апел да се прекине со практиките на гледање на нештата од етнички аспект и информира дека МВР експресно го расчистило случајот, сторители се приведени и одредена им е мерка притвор
Ново на Сител
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот