Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патните правци
Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга кон граничниот премин Ќафасан.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси. За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.
Од 12:25 часот, како што информираат од АМСМ, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
