Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
- Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки - информираше Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека вкупно 1.200 пациенти побарале помош. Нивната документација, како што се појаснува во објавата на Фејсбук, се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицирале ќе била завршена во текот на наредната недела.
Според градоначалникот на Скопје, ова е јасна порака дека никој не е сам.
- Дека зад секоја борба постои некој што верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи, збор што ќе ве охрабри и надеж што никогаш не згаснува. Болеста може да го отежне патот, но, не смее да ја одземе надежта. Наша обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани, не само со зборови, туку и со конкретна помош, грижа и човечност. Заедно сме посилни. Заедно можеме да ја вратиме надежта таму каде што е најпотребна - се додава во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
