Македонија
24. January 2016 - 11:35

Забрана за товарни возила по мостот кај делчевско Тработивиште

Мостот кај делчевско Тработивиште кој води за село Разловци е забранет за сообраќај за товарни и полутоварни возила.

Од „Македонија пат“, Подружница Делчево, информираат дека поради опасност од рушење на мостот е забрането поминување на тешки возила, освен на автомобили.

Пред мостот се поставени и сообраќајни знаци, па од „Македонија пат“ потенцираат да се почитува забраната и знаците да не се отстрануваат.

Инаку, овој мост попушти лани за време на поплавите. За негова санација е изработен проект, но се уште не се знае кога ќе почне санацијата.