Македонија
30. September 2024 - 19:56

Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров

10-тина белгиски овчари за една година ќе бидат подготвени да таргетираат експлозивни направи, оружје, муниција и дрога. Овие кучиња, се првите кои ќе бидат тренирани во новоотворениот регионален центар К9 во Ѓорче Петров, кој тежи два милиони евра. Откако ќе заврши процесот на дресирање, кучињата ќе бидат подготвени да се пуштат во акција со македонските полициски специјалци за мапирање на злоупотреба на мало и лесно оружје.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи „Овој регионален центар е многу значаен за Македонија, како од аспект на стратешко делување во рамки на министерството така од аспект и на оперативно делување на полицијата. Со овој комплекс реално ќе се зголеми капацитетот и на спроведување на голем број полициски активности кои се изведуваат со употреба на кучиња“.

Откако белгиските овчари ќе го поминат едногодишниот специјализиран тренинг, ќе користат исклучиво за потребите на македонската полиција. Но, оти центарот е регионален, таму ќе се дресираат и кучиња од соседството.

„Мисијата на ОБСЕ е посветена на континуирана професионализација и развој на полициските единици за кучиња трагачи, фокусирајќи се на детекција на мало и лесно оружје”

Македонија во моментов располага со околу 40 службени кучиња, но кубори со дресери. Само тројца дресери во континуитет работат на специјализирано обучување на млади кучиња кои се сместени во центарот К9 во Хиподром, кои потоа се спремни да помогнат во антитерористички преглед на возило, во процес на пребарување оружје и муниција, пребарување на наркотични средства, како и детекција на мириси.