Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
Oд 10.40 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонија пат.
Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци - од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот - на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар - Маврово - Дебар, Гостивар - Стража - Кичево, Пресека и Плетвар.
Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.
Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово - Демир Капија.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница