-->
-->
Забрана за камиони на Маврово - Дебар, на Деве Баир се чека до половина час
-->
Сообраќајот на патиштата низа државата утринава се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово-Дебар.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Од граничните премини за излез од Македонија се чека до 30 минути на Деве Баир кон Бугарија, а на останатите премини нема подолги задржувања.
Авиосообраќајот засега се одвива според планираното. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски