За време на обидот за преврат ловци на пучистите го пресретнале авионот на Ердоган
Во екот на обидот за воен преврат во Турција авиони-ловци Ф-16 на пучистите го пресретнале во воздух леталото во кое се наоѓал турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган, но не пукале во него, тврди претставник на истанбулската полиција.
Турскиот претседател бил на лет од туристичкото место Мармарис кон Истанбул, каде силите на пучиситите веќе го блокираа едниот од мостовите над Босфорот и се обидуваа да преземат контрола над главниот истанбулски аеродром „Ататурк“, а веќе испретија тенкови кон Парламентот во Анкара.
- Двата ловци на бунтовниците го забележале во воздух авионот на Ердоган и нишанеле кон него, но останува мистерија зошто не пукале. Ердоган успеа да стигне безбедно во Истанбул, изјави полицискиот претставник.
Ердоган претходно ијзави дека пучистите се обиделе да извршат атентат врз него, бидејќи набрзо откако заминал од хотелот во Мармарис во кој престојувал, тој бил гранатиран.
Според безбедносни извори, турскиот премиер Бинали Јилдирим исто така бил цел на пучистите, но тој, исто како, и претседателот успеал да избегне атентат.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза