За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 22 до 28 јануари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 137 непрописно паркирани возила, а механичко средство „блокатор“ е ставено на 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци