За неколку дена шест пожари кај Ловечки дом во Куманово
Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден два пати гаселе пожар кај „Ловечки дом“ во близина на село Проевце, информираше денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Првпат горела опожарена сува трева во период од 13:20 до 15:00 часот и четворица пожарникари ја гаселе со две противпожарни возила. Втората интервенција била на истата локација повторно сува трева и противпожарната единица гасела со едно возило и двајца пожарникари во периодот од 17:50 до 20:40часот.
– Од дежурниот бевме известени дека за овие неколку дена во село Проевце бележат шест интервенции во близина на Ловечки дом каде е потпалена сува трева на различни локации во кругот на домот и најверојатно намерно да се потпалува од засега непознато лице, пренесува информација РЦУК Куманово.
Во дневниот билтен се пренесува и информација дека за вчерашниот пожар на помошен објект во село Пчиња во кој беше повреден сопственикот на објектот. Три противпожарни возила со шестмина пожарникари го гаселе во периодот од 04:05 до 06:30 часот. Повреденото лице е пренесено во болницата за укажување лекарска помош. Во пожарот изгореле земјоделски машини жито и други предмети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот