За наградите на ДПМ конкурираат 85 книги
На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија досега пристигнаа 85 дела објавени во текот на оваа година. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитетски професори, критичари и есеисти. Членови на жири-комисиите се: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасески, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.
Ново на Сител
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието