Македонија
30. January 2025 - 16:38
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
Ќе ја укинува ли власта критичката мисла, или пак, предметите од филозовскиот корупс стануваат изборни за да се следи интересот на учениците? Оваа дилема одзеде најмногу време од денешните пратенички прашања. Новата концепција за средно образование ја натера министерката Јаневска да одговара на 3 прашања.
Албанскиот опозициски блок повеќе се задржа на политичките теми. Таравари наместо за здравство доби прашање за албанскиот јазик.
Таравари сепак доби шанса да одговара на прашање од својот ресор. Пратениците од власта го прашаа за состојбите на Онкологија, а тој одговори дека состојбата се стабилизира и дека речиси сите пациенти ќе почнат со својата билошка терапија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->