Loading Video...
Спорт плус
17. August 2022 - 19:48

За колку пари „потона“ Охридскиот пливачки маратон

 
Традиционалниот Охридски пливачки маратон ќе доживее втор прекин во својата историја откако организаторот на легендарната трка денеска соопшти дека поради блокирана сметка нема да се одржи. 
Еден од најголемите спортски настан во Македонија ккој стартуваше во далечната 1954 година и беше прекинат во 1966-тата за да биде возобновен во 1992-та повторно ќе биде прекинат од банална причина , блокирана сметка на маратонската трка. 
Ова денеска го соопшти претседателот на националната пливачка федерација Горан Стојановски на приемот во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. 
Маратонот без прекин се одржуваше од неговото возобновување пред 30 години и беше настан кој со нетрпение го очекуваше целолкупната македонска јавност но и вистински амбасадор на младата македонска држава со настап на светската пливачка елита. 
Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, односно од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.
Не е јасно зошто оваа одлука се соопштува непосредно пред датумот за одржување на овој голем спортски настан и за колкави финансиски средства се работи. 
За жал ова е тежок удар за Македонија, за македонскиот спорт  и заедно со исфрлањето  на РК Вардар од Лигата на шампионите  екстремно разочарување за љубителите на спортот во нашата држава.