Во Париз вечерва ќе се одржи свеченото отворање на 33-те Летни олимписки игри
Париз по третпат ќе биде домаќин на Летни Олимписки игри, по 1900 година и вторите игри, Париз беше домаќин и на 8-те Игри одржани 1924 година, а сега 100 години подоцна главниот град на Франција по третпат ќе биде домаќин. Инаку во 1924 година Франција пред 100 години беше домаќин и на првите Зимски Олимписки игри во Шампони.
Ова се 32-те Летни Олимписки игри, а ќе има 32 спорта или 48 дисциплини. Игрите ќе траат до 11.август, а ќе учествуваат 10.714 спортисти или за првпат ќе биде застапена родова еднаквост и според податоците учесници се 5.357 мажи и 5.357 жени. . Инаку синоќа беше организиран настан т.н. „RED CARPET“ каде се појавија многу познати спортисти како Леброн Џејмс, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс,...
Медали ќе бидат доделени во 329 дисциплини.
Инаку Свеченото отворање е вечерва во 19:30 часот и ова ќе биде вторпат во историјата отворањето на Игрите да се одржуваат надвор од Олимпискиот стадион. Првиот пат беше на младинските Олимписки игри. Парадата на нациите е планирано да се одржи со парадата на бродови долж реката Сена, а официјалниот дел ќе биде привремениот на „мини-стадион“ на Трокадеро. Се очекува околу 320.000 гледачи да бидат на бреговите на реката Сена за да бидат сведоци на минување на 80 чамци со познатите спортисти. Парадната патека ќе биде долга 6 километри и ќе ги содржи културните елементи на церемонијата и погледите на знаменитостите во Париз. Томас Џоли.
Македонија на Игрите во Париз ќе ја претставуваат шест спортисти. Дарио Ивановски ќе биде учесник на маратонската трка, а тој заедно таеквондистката Милијана Рељиќ ќе бидат носители и на македонското знаме на свеченото отворање. Прв на борилштата ќе се појави најмладиот Никола Ѓуретановиќ во пливање веќе утре – сабота во квалификациите на 400 метри слободно, а следна во стралаштво ќе биде Анастасија Мојсовска. Еди Шерифовски во џудо и Владимир Егоров во борење слободен стил се другите наши претставници. Македонија ќе има свои репрезенти и меѓу судиите: ракометните Ѓорѓи Начевски и Славен Николов, тениската судија Анета Павловска и судијата во триатлон Иван Михајловски.
Претседателот на ИОК Бах веќе имаше средба со лидерите на многу држави кои ќе присуствуваат на отворањето на Игрите во Париз.
Инаку Игрите во Париз се очекува да чинат 9 милијарди евра.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар