За германските муслимани барањата на АФД се исти како тие на Хитлер
Лидерот на најголемата германска исламска организација остро ги критикуваше барањата на партијата Алтернатива за Германија (АФД), која побара да се забраната минарињата и бурките.
Германскиот исламски совет, кој ја спореди АФД со Нацистичката партија на Хитлер, вели дека партијата си поигрува со стравот на луѓето.
- Минатата година имавме бран на бегалци, невработеност и други проблеми. Мислам дека тие сакаат да го искористат исламот за да привлечат нови гласачи, вели Бурхан Кесичи, лидер на Исламскиот совет за германските медиуми.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Берлин, нема никаков сомнеж дека Исламот не е спротивен на германскиот Устав, како што тврди АФД и затоа муслиманите не треба да водат кампања против барањата на АФД за забрана на минарињата, јавното пеење на оџите и носење на бурка.
Кесичи смета дека муслиманите се добро интегрирани во Германија, а тие што стануваат дел од радикалните исламски групи се млади луѓе кои го напуштиле вистинскиот пат.
Во врска со исламската религија и западните вредности Кесичи вели дека Исламот се залага за еднаквост меѓу мажите и жените, кои не мораат да носат покривка на нивните лица.
- Жените сами одлучуваат дали сакаат да носат бурка и тоа нема никаква врска со социјалниот притисок, вели Кесичи, според кого, во Исламот не се прифатени хомосексуалците, но важно е дека луѓето учат да живеат заедно во мир без разлика на нивната идеологија и сексуална припадност.
И Аиман Мазиек од Централниот совет на муслиманите во Германија е уверен дека АФД го злоупотребува Исламот.
Според Мазиек, не е Исламот тој што е против Уставот, туку тоа е АФД која не се придржува кон него. Тој смета дека лидерите на АФД сакаат да стават крај на мирот и демократијата во Германија.
Исламските лидери во Германија сметаат дека треба да се иннформира јавноста за антиисламските пропаганди. Мазиек смета дека јавноста мора да биде информирана дека првпат по нацистичка Германија постои партија која доскредитира и се заканува на религиозна заедница.
Потпретседателката на АФД, Беатрикс фон Сторк предходно изјави дека Исламот е „политичка идеологија која не е компатибилна со Уставот“ на Германија, а лидерот на партијата во покраината Брандербург порача дека „Исламот не е религија како католичкото или протестантското христијанство, туку движење секогаш поврзано со преземање на власта во државата“.
АФД која е основана пред три години е трета најголема партија во Германија, според поддршката меѓу гласачите и свои пратеници има во осум од вкупно 16 германски покраински парламенти.
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре