-->
-->
За една недела отстранети 103 непрописно паркирани возила во општина Центар
-->
За една недела на територија на општина Центар казнети се 103 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 5 август до 11 август годинава со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол