Македонија
25. January 2022 - 9:52

За една недела 165 санкции за непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа вкупно 165 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 17-ти до 23-ти јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 77 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ информираат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваат и на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување ред и безбедност на улиците.