Свет
13. December 2016 - 13:41

За една година во Франција биле следени 20.282 лица

Во периодот од 3 октомври 2015 до 2 октомври оваа година француските разузнавачки служби следеле 20.282 лица, се наведува во првиот извештај на француската Национална комисија за контрола на тајните служби (ЦНЦТР) објавен денеска.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, од нив 47 проценти биле следени поради активности поврзани со тероризам, а 29 отсто во рамки на борбата против организираниот криминал и спречувањето на колективно насилство. 

Следењето било со употреба на повеќе техники, односно анализа на детални телефонски фактури на посочените лица, прислушување, снимање со видео камери во домови, безбедносни пресретнување на телекомуникации и геолокализација во реално време.

Во извештајот на ЦНЦТР се открива дека 9.624 луѓе или 47 отсто од вкупниот број биле следени во рамките на превенција на тероризмот, 5.848 или 29 проценти во рамки на борбата против организираниот криминал какои и спречување на колективното насилство кое може да предизвика сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

ЦНЦТР оценува дека следењето не треба да се толкува како средство кое овозможува пенетрација во синдикати или политички партии или ограничување на уставното право за слободно изразување, се додека не постои ризикот од сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

Останатите 24 проценти од следените лица, без разлика дали се Французи или странци, се осомничени за кршење на „националната независност, територијалниот интегритет и националната одбрана", индустриска шпионажа или на „ширење на оружјето за масовно уништување“.

- Оваа постапката, досега без преседан, во премолчуваната пракса на шпионирањето, не овозможува споредба со странските земји, изјави претседателот на ЦНТЦТР, Франсис Делон, додавајќи дека „не е особено изненаден“ од бројките.

Ова независно тело, кое има буџет од 2,9 милиони евра, ја проверува валидноста на техниките користени од француските служби ДГСЕ, ДГСИ Tрафкин или Управата за воено разузнавање.

Од 3 октомври 2015 година, ЦНЦТР даде 8.538 мислења за безбедносно пресретнување, а претходната година 7.703. Бројот на геолокализацијата во реално време забележува раст од 87 отсто, достигнувајќи 2.127 барања во 2016 година.

Во извештајот се нагласува дека борбата против тероризам првпат бил најчестиот правен основ наведен во барањата за постапките за следење. Сепак, ЦНЦТР смета дека нема драстично зголемување на следењата поврзани со исламистичката закана.

ЦНЦТР е составен од девет лица - четири високи судии, четворица пратеници и еден експерт од францускиот Телеком, кои оджрале 180 состаноци, односно се среќавале три пати неделно за разгледување на индивидуални случаи и за детално разгледување на соодветни досиеја.