Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети

Властите во Рим очекуваат стотици илјади туристи за време на конклавата, изборoт на нов папа, која започнува на 7 мај, а градската хотелска асоцијација наведува дека 90 отсто од сместувачките капацитети се веќе исполнети.
Конклавата ќе привлече најголем број нови туристи, но во исто време во Рим ќе се одржи мастерс тенискиот турнир, на кој ќе учествува италијанскиот тенисер Јаник Синер, по тримесечна суспензија поради допинг.
Поради исполнетост на капацитетите, но и поради цените, некои туристи одлучија да резервираат сместувачки објекти кои не се хотели, ниту се наоѓаат во Рим, туку на блиски места кои се добро поврзани, како што се Брачоли и Ладисполи, пренесува РАИ.
Хотелската асоцијација „Федералберги Рома“ соопшти дека цените на собите се зголемиле за околу 10 проценти, но рече дека тоа се должи на „шпицот на сезоната“, а не само поради конклавата.
„Федералберги“, исто така, соопшти дека по смртта на папата се зголемил бројот на резервации за 15 проценти.
Федерико Тралди, претседател на Албае, здружението на пансиони во регионот Лацио, рече дека капацитетите на тие сместувања се исто така речиси целосно исполнети, истакнувајќи дека голем број луѓе ги откажале резервациите на денот на смртта на папата.
Тралди, сепак, истакна дека бројот на резервации значително се зголемил кога бил објавен датумот на погребот на папата Франциск.
Туристичката агенција „Лацио EBLT“ соопшти дека 150.000 нови туристи пристигнале во Рим пред погребот на папата Франциск, со што вкупниот број посетители во тој период достигнал 320.000.
Папата Франциск беше избран на конклава во 2013 година по два дена гласање, а почина на 21 април на 88-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.
Изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква ќе почне на 7 мај и ќе трае сè додека еден од кандидатите на гласањето не освои двотретинско мнозинство.
Ново на Сител
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
