За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
– Годишната инфлација во Грција во декември била 2,6 отсто, наспроти 3,5 проценти споредбено со истиот период во 2023 година, меѓутоа одредени производи и услуги се значително повисоки, како што се на пример авионските билети што за една година се за 47,7 отсто поскапи, согласно месечните податоци од Службата за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку се анализираат официјалните податоци, со исклучок на одредени прехранбени продукти и нафтата за греење, останатите производи и услуги се поскапени во период од една година.
Патувањето со авион во декември 2024 било за нешто помалку од 50 проценти поскапо од декември 2023 година, престојот во хотелите е за 8,8 отсто поскап, а пакет-понудите за одмор за 8,3 проценти.
Во однос на прехранбените продукти, одредени се поскапи, други поевтини споредбено со лани.
Во декември 2024, најголемо намалување има на цените на замрзнатите морски производи (за 10,1 отсто), а намалување исто така бележат питите, тестенините, пилешкото месо, овошјето и млечните производи и јајцата.
Од друга страна, лебот, свинското и телешкото месо, рибите, соковите се поскапи од лани.
Поскапувања има и кај фармацевтските и медицинските производи, кај медицинско-стоматолошките услуги и болничката нега, а за 14 отсто се зголемило и приватното здравствено осигурување.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново