-->
-->
За да му се помогне на едногодишно дете на две места во Кавадарци организирано ќе се земаат брисеви
-->
На две места во Кавадарци организирано ќе се земаат брисеви, за да се помогне на едногодишно детенце, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник. Хуманите граѓани, ќе можат да се јават на 28 јуни на две локации во градот, да им биде земен брис, за да се утврди дали може да бидат донатори на коскена срцевина.
Претходно, родителите на детенцето од Кавадарци, јавно побараа помош за него, апелирајќи за повеќе потенцијални дарители за срцевина, затоа што итно му е потребна трансплантација на матични клетки. Тоа боледува од имунолошка болест, што се лекува со трансплантација на коскена срцевина.
– Бидејќи во семејството нема компатибилен дарител, детето зависи од добрината на непознати луѓе, за да се справи со имунолошката болест која му го загрозува животот, стои во апелот на родителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството