Македонија
10. August 2024 - 16:43

За 4 години 130 здравствени работници ја напуштиле штипската Клиничка Болница

Повеќе од 20 % од потребниот медицински кадар недоставува во штипска клиничка. Лекари, медицински сестри и помошен медицински персонал по разни основи ја напуштиле болницата во изминатите 4 години, а на нивно место нема нови вработување, вели досегашниот директор на клиничка Ален Георгијев.

- Од 2020 до 2023 година не примивме буквално ниту еден вработен во Клиничка болница – Штип, а заминаа 120-130 луѓе по различни основи, дали во пензија, дали во други здравствени установи, така што јасно е дека ако имате 20% помалку вработени од потребното дека ќе има и пад на квалитетот на здравствените услуги, кое што го има-изјави Ален Георгијев, поранешен директор на Клиничка Болница – Штип

До Министерството за финансии беа поднесени повеќе барања за вработување, но поради изборите се уште не се вработени.

- Некаде околу 33-34 вработени се, има 5 доктори, 8 медицински сестри и една акушерка, 10 болничари, 8 хигиеничари и еден физиотерапевт за кои што веќе е дадена согласност од Министерството за финансии и треба ургентно да се реализираат. Искрено се надевам дека и во наредниот период многу бргу ќе дојде до нови одобрувања за вработувања, бидејќи навистина се неопходни за нормално функционирање на болницата- додаде Георгијев

На примопредавањето на функцијата на новиот директор д-р Влатко Захариев, Георгиев истакна дека болницата е и во финансиски долгови генерирани за време на Ковид пандемијата и енергетската криза.