Вулкан на Филипините исфрла пепел и отровни гасови, илјадници луѓе евакуирани
Илјадници луѓе кои живеат во близина на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините се евакуирани за да се избегне денешната закана од пепел, запалени карпи и отровни гасови кои протекуваат од кратерот, соопштија локалните власти.
Сеизмолозите известија дека во последните 24 часа се случил вулкански земјотрес и дека запалени камења паѓаат во радиус од два километри околу вулканот.
Околу 13.000 луѓе, главно од селата во подножјето на вулканот или во негова близина, се евакуирани, соопшти националната канцеларија за цивилна заштита.
„Ризик за здравјето е да се биде блиску до еупцијата поради сулфур диокдид или поради пепел“, изјави министерот за здравство Теодоро Ербоса.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос вчера ги повика жителите на провинцијата Албај, каде што се наоѓа вулканот, да добијат инструкции за евакуација од локалните власти.
Вулканот Мајон, кој се наоѓа на 330 километри југоисточно од главниот град Манила, се смета за еден од најнестабилните од 24-те активни вулкани во земјата, која се наоѓа на пацифичкиот „огнен појас“.
Пред пет години тој вулкан еруптираше и исфрли милиони тони пепел, камења и лава и принуди на евакуација десетици илјади луѓе.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања