Вучиќ за предлогот за размена на територии со Косово: Србија има свој Устав и интегритет
Српскиот премиер Александар Вучиќ, денеска, по повод предлогот на американскиот републикански конгресмен, Дејна Рорабахер, за размена на територии од јужна Србија за северно Косово, изјави дека тоа е само обид за барање на други решенија, но Србија има свој Устав, што јасно зборува за интегритет, пренесоа српските медиуми.
Во одговорот на новинарско прашање Вучиќ дополни дека конгресменот Рорабахер е близок до албанското лоби.
Конгресменот Рорабахер, претседател на Поткомитетот за Европа, Евроазија, до српскиот претседател,Томислав Николиќ, испрати писмо во кое предлага размена на територии од јужна Србија за северно Косово како решение за намалување на тензиите во овој дел од Балканот.
„Наместо негативни примери, како испраќање воз со провокативни симболи во Косово, можеби е подобро и од взаемен интерес е да се размисли за размена на територии, што ќе доведе до поголем број Срби во Србија и поголем број Косовци во Косово“, напиша Рорабахер.
Во своето писмо до Николиќ американскиот конгресмен забележува дека „оваа варијанта е можна и не треба да се игнорира“.
Во Прешевската долина, во јужна Србија, која ги опфаќа општините Прешево, Бујановац и Медвеѓе, живеат главно етнички Албанци, а четири општини во северно Косово се со доминантно српско население.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора