Вучиќ: Вилијам Вокер е лобист на идејата за Голема Албанија
Новозибраниот српски претседател и актуелен премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека вчерашната изјава на поранешниот шеф на Мисијата на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер дека „има план за обединување на Албанците“, претставѕва доказ дека тој е лобист на идејата за Голема Албанија и дека од почетокот се залагал за остварување на тој проект.
- Србија на секое место и на секое ниво ќе го изнесува овој крунски доказ дека цел на Вокер никогаш не било заштита на човековите права на Косово и Метохија, туку борба против Србија и создавање на Голема Албанија, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека ќе инсистира за ова изјава на Вокер да се разговара на „сите нивоа во Европа и во светот“.
- Вокер де факто порача дека има план за создавање на Голема Албанија и таа порака, по повеќедневните приказни за Голема Алвбанија, е важна вест за сите, на која терба да се обрне повеќе внимание, додаде Вучиќ.
Вокер вчера во обраќањето на собирот по повод 17-годишнината од формирањето на Алијансата за однината на Косово (ААК) во Приштина, изјави дека по 1999 година често доаѓал во Косово „со единствена цел Косово да продолжи со чекорите кои сите ги очекуваат од 1999 година“.
Тој, како што јави РТС, при тоа нагласи дека овој пат дошол во Косово затоа што сака да претстави „нов план на кој работи, за обединување на Албанците - во Косово, Албанија и дијаспората“.
Вокер беше на чело на Верификационата мисија на ОБСЕ која на почетокот на 1999 година објави дека во косовското село Рачак пронашла 45 тела на убиени Албанци-цивили, за што беа обвинети српските безбедносни сили. Ова откритие на Мисијата имаше пресудно влијание врз одлуката на НАТО за воздушни напади врз тогашна СР Југославија, иако никогаш не беше утврдено дека станува збор за маскар врз цивили извршен од српските сили.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
