Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни за кога се планира реконструкцијата на Владата ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго.
-Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди - Влен и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во самата Влада и се разбира дека многу од прашањата за време и пред таа реконструкција да се случи ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани откако била објавена негова фотографија со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Вели дека како владина коалиција имаат многу добра соработка и не гледа причина за коалицирање со нови политички субјекти.
-Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и во моментот не гледам простор за коалициски договори и преговори со други политички субјекти, затоа што, ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во општина Тетово.
МИА
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
