Вучиќ треба да се сретне со Доналд Трамп до крајот на годината
Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Блиц“.
Весникот, повикувајќи се на дипломатски кругови во Вашингтон, пишува дека претходно, околу 20 септември, Вучиќ ќе има средба со потпретседателот Мајк Пенс. Таа ќе се одржи на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Тие ќе разговараат за Косово и дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за ситуацијата во регионот во целина. Извор на весникот додава дека се уште нема официјална потврда за средбата.
Кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот се очекува да продолжи дијалогот за Косово во Брисел, пишува „Блиц“. Се очекува тие средби да доведат до значителен напредок во решавање на косовскиот проблем и до решавање на балканската криза во целина, додава весникот.
- Очекуваме меѓународната заедница да се произнесе јасно по прашањето за стабилноста на Балканот. Нашето државно раководство настојува да изврши притисок врз Приштина, за да почне да се реализира тоа, што беше договорено во Брисел и пред се да почне да се реализира Заедницата на српските општини, изјави висок извор од српското раководство за „Блиц“.
Ново на Сител
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред