Свет
23. May 2024 - 14:21

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Четири лица, најверојатно жена и три деца, се пронајдени мртви откако избувнал пожар во куќа во токиската област Шинагава, соопшти денеска Службата за пожари и истраги во Токио.

Телата на четирите лица, за кои се верува дека живееле во таа куќа, имаат расекотини, пренесува агенцијата Кјодо.

Маж на околу 40 години е пренесен во болница откако вдишал многу чад од пожарот, а се очекува да биде сослушан во полиција.