Свет
15. јуни 2024 - 12:33

Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа

Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа.

Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила.

Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице.