Вучиќ - Тајани: За деескалација неопходно е формирање Заедница на српски општини
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста, имаше телефонски разговор со потпретседателот на Владата на Италија и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, на кој како услов за деескалација на ситуацијата на Косово порача дека е неопходно формирање на Заедница на српски општини, јави дописникот на МИА од Белград.
Тајани му порача на Вучиќ дека е неопходно да се зачува мирот и стабилноста и побара деескалација на ситуацијата на Косово, како и враќање на Србите во институциите во Приштина.
Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ порачал дека за ова „потребно е да се исполни еден мал и едноставен услов, а тоа е почитување на Бриселскиот договор“.
– Тоа значи дека треба да се формира Заедницата на српските општини, на што Приштина се обврза со потпишувањето пред речиси десет години, а се останато е производ на едностраните одлуки и потези на Приштина.
Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, кој следната недела ќе биде дел од американската делегација во посета на Белград, за ТВ Блиц изјави дека актуелните настани го потврдуваат неговиот став дека закажаните избори на северот на Косово треба да се одложат, бидејќи тие нема да придонесат за мир и стабилност.
Тој кажа дека нема одреден датум за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, но дека преговорите мора да се забрзаат. На прашањето дали има конкретен рок до кој САД очекуваат да се постигне одржлив договор меѓу Белград и Приштина, Шоле дека е тешко да се прецизира точниот датум бидејќи преговорите се напнати.
– Нашиот став е прилично едноставен – преговорите мора да се забрзаат. Работевме напорно за да ги поддржиме колегите од ЕУ, Косово и Србија во промовирањето на европскиот процес. Немавме двојни стандарди и правиме се што можеме за двете страни да најдат заеднички јазик, бидејќи колку подолго ова трае, толку подолг ќе биде патот на Косово и Србија да постигнат полноправно членство во ЕУ, рече Шоле.
Високиот политички советник на американскиот државен секретар додаде дека очекува наскоро да види напредок на тоа поле и истакна дека една од работите за која ќе разговара со колегите од регионот следната недела е како САД можат да помогнат, но и за охрабрување двете страни да напредуваат со голема брзина во преговорите.
Одговарајќи на прашањето дали планот што пред неколку дена во Белград и Приштина го донесе пратеникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак е добра основа за разговори, Шоле истакнува дека САД целосно поддржуваат се што прави ЕУ и дека се во постојан контакт.
– Тоа се преговори, нешто што беше претставено на почетокот не мора нужно да биде на крајот, таква е природата на сите преговори. Во последните месеци се обидовме да направиме се што е во наша моќ за да го поддржиме процесот, но и да ставиме до знаење дека очекуваме итно да се вклучат двете страни, да покажат флексибилност и добра волја во текот на преговорите, рече Шоле.
Според него, актуелните настани го потврдуваат ставот дека закажаните избори на северот на Косово треба да се одложат, бидејќи тие нема да придонесат за мир и стабилност. Тој додаде дека се согласува со ставот на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховени, дека никој не треба да прибегнува кон насилство и заплашување, како и употребата на експлозиви.
Ново на Сител
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја