Вучиќ со Ескобар и Лајчак: Време е Приштина да ги исполни обврските, пред се формирање на ЗСО
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој вчера во Белград се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, порача дека сака да верува дека оној дел од меѓународната заедница кој има најголемо влијание врз Приштина има механизми кои можат да доведат до конечно реализирање на обврските кои Приштина ги прифати и потпиша пред повеќе од една деценија, јави дописникот на МИА од Белград.
„Порачав дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред сè формирање на Заедницата на српските општини во согласност со Бриселскиот договор“, напиша Вучиќ во објавата на својот Инстаграм профил.
Тој потсети дека Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои ќе доведат до зачувување на стабилноста на целиот регион. Тој објави и фотографии од средбата со двајца функционери во вилата „Мир“.
Претходно Лајчак и Ескобар ја посетија Приштина каде синоќа со премиерот Албин Курти разговараа за ситуацијата на Косово.
Лајчак по разговорот со Курти рече дека на Приштина и биле изнесени три барања – деескалација на ситуацијата на северот на Косово, брзо одржување на нови избори и враќање на дијалогот.
Тој изјави дека со Курти не е постигнат договор за одржување избори на северот на Косово. Ескобар изјави дека премиерот на привремените институции на Приштина Албин Курти има два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб