Вучиќ, Курти и Лајчак на вечера во Берлин разговараа за продолжување на дијалогот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Берлин разговараше за продолжување на бриселскиот дијалог со премиерот на Косово, Албин Курти и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.
– Ја поздравувам можноста да разговарам за време на неформалната вечера за дијалог со премиерот Курти и претседателот Вучиќ во Берлин. Благодарен сум на германската влада на домаќинството. Ќе ја продолжиме дискусијата на ниво на главни преговарачи на 13 мај, напиша Лајчак.
Претходно, германскиот канцелар Шолц имаше одвоени средби со Курти и со Вучиќ.
Во пресрет на вечерата, Вучиќ, Курти и Лајчак разговараа со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и еден од советниците на Шолц.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се заблагодари на германските домаќини за, како што наведе, организирањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Се огласи и премиерката Ана Брнабиќ која оцени дека денешната средба на Вучиќ со Шолц во Берлин е исклучително важна за Србија.
– Честитки до претседателот Александар Вучиќ што најде начин и овојпат да ја одбрани и заштити позицијата на Србија, голема благодарност до германскиот канцелар Олаф Шолц, инвеститорите и сите германски партнери за нивното разбирање и почит, напиша премиерката Брнабиќ на Твитер.
Ново на Сител
-
Дојран нема лекар - Туристите и мештани патуваат во соседни општини за прегледи
-
Нов обид за набавка на компресорска станица за хируршките сали - Се уште не е утврдено што ја предизвикало смрдеата
-
Жестока дебата во Собранието за зголемувањето на пензиите
-
Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес
-
Во Париз вечерва ќе се одржи свеченото отворање на 33-те Летни олимписки игри
-
Дурмиши веќе остварил средба со синдикатите за минималната плата
-
Наскоро нов тендер за компресорски систем на Клинички
-
61 година од земјотресот во Скопје