Loading Video...
Македонија
26. July 2024 - 16:34

Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес

61 година од катастрофалниот земјотрес кој го разурна главниот град. За само 20 секунди, во 05:17 миниту згаснаа 1070 животи. Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтер го разурна целиот град и без покрив над глава остави 200 000 граѓани.

На земјотресот му претходел многу топол сончев ден, се сеќава дојаенот на македонското новинарство Мојсо Мојсовски кој тогаш имал 14 години. Звукот и тресењето ги разбудиле од спиење а тој пробал да се сокрие под креветот за да преживее. Во дворот каде живеел  во центар,  се урнала соседната зграда. На овие трауматични слики се сеќава и денес.

На помош пристигнале луѓе од целиот свет, граѓаните принудно се иселиле низ државата бидејќи немало никакви услови за живот.

Скопје ќе стане град на солидарноста, град кој ќе обедини 87 држави од светот кои ќе помогнат да се издигне од пепелта. Во чест на жртвите, делегации денеска  положија цвеќе пред споменикот на градските гробишта. Традиционално во Скопје се организираат повеќе културни настани, годинава се одржува  поетски фестивал ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ на кој учествуваат 130 поети од 40 држави.