Македонија
6. September 2024 - 21:19

Со повисоки субвенции до повеќе патници во авиосообраќајот

Со нови услови и повисоки субвенции до повеќе патници во авиосообраќајот. Министерството за транспорт го објави повикот за доделување финансиски поддршка на авиокомпаниоте,  кој ќе важи во следните 3 години, почнивајчи  од 1 јануари следната година. Наместо 4,5 евра  команијата ќе добива 12 евра по патник од охридскиот аеродром, додека од скопскиот сумата од 7 се зголемува на 9 евра. Новина е што наместо  од заминување, субвенцијата ќе се добива од доаѓање на патник. Исто така нема да се помагаат само летови од Европската Унија, туку и од други земји

- На овој начин сакаме да привлечеме патници и од Блискиот и Далечен исток. За да се избегне во иднина зависност од само една авиокомпанија воведуваме субвенции по дестинации. На овој начин, , се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија, а токму тоа е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава заради проблемот што го има „Визер“ со сопствените авиони што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава, изјави Александар Николовски, министер за траспорт.

На јавниот повик можат да се јават компании кои имаат превезено најмалку 5 милиони патници оваа година и минимум профит од 10 милиони евра. Авипревозникот  е должен секој нова дестинација да ја опслужува два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните.  Со ваквите новини, очекувањата на владата се бројот на патници следната година да се зголеми за најмалку  200 илјади , односно да се вратат патниците кои летаат од Тирана или Приштина, поради значително пониските цени од оние кај нас. Крајниот рок за пријавување во постапката е 7 октомври. За тригодишната програма издвоени се 360 милиони денари, или нешто помалку од 6 милиони евра.