Вучиќ го честиташе пласманот на фудбалската репрезентација на ЕП
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им честиташе на граѓаните на Македонија за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство, јави дописникот на МИА од Белград.
-Им честитам на сите граѓани на Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „Будуќност Србија“.
Заедно со пораката беше објавена и фотографија од знамињата на Србија и Македонија.
Успехот на македонската фудбалска репрезентација со пласманот на ЕП наиде на голем одзив во српските медиуми. Речиси и да нема медиум кој не пишува за успехот на фудбалската реперезантација по синоќешната победа на Грузија во Тбилиси и пласманот на ЕП.
Македонија го слави Пандев, Македонија и Пандев пишуваат историја, Никој не може да го оспори Горан Велики, Историски успех на Македонија и пласман на ЕП, Комшиите ја пишуваат историјата, пишуват српските медиуми, цитирајќи ги изјавите на македонските фудбалери по победата и објавувајќи фотографии и видео стории од вчерашниот натпревар.
Медиумите во Србија го забележаа и славењето на граѓаните по улиците со наслови- Лудница во Скопје, Македонците масовно го слават пласманот на репрезентацијата на ЕП, но и паричната награда на македонската влада за пласман во износ од 10.000 евра, со наслов Македонците го запалија Скопје заради пласманот на ЕП, државата итно се обрати и вети премии.
Со оглед на вчерашниот неуспех на српската фудбалска репрезантација со Шкотска, која на пенали немаше среќа да се пласира на ЕП, медиумите уште повеќе му даваат значење на успехот на македонскиот национален тим-Ние не успевме, но Македонците првпат на ЕП.
Особено значење беше дадено на одјавата на коментаторот на Македонската радио телевизија, проследен со видое запис –Уживај Македонијо…ова е порака за сите православни, христијани, Албанци, Турци.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп