Македонија
14. December 2018 - 9:26

Втора Роса школо за родителство

Во организација на Министерството за здравство и Пивара Скопје денеска во Општата болница во Гостивар ќе се одржи втората „Роса школо за родителство“.

Роса школите за родителство имаат основна цел да ги едуцираат идните родители како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.

Како што информираат организаторите, ова се први вакви школи за родителство кои се отвораат во јавниот сектор во Македонија, а значаен придонес на целата иницијатива дадоа и граѓаните од цела Македонија преку купување на пакувањата од 1,5 л од „Роса“ водата, од чија продажба се издвојуваше по 1 денар за оваа цел.

Досега беше отворено едно Роса школо во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.