Бизнис
8. July 2022 - 8:51

Втор јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво

Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво ќе биде презентиран денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Пред претставниците на општините, невладините и граѓанските организации и други засегнати страни од Скопскиот плански регион ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите.

За да се поттикне интересот на општините од регионот да се пријават на повикот, ќе бидат претставени и бенефитите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги во локалните заедници