Бизнис
2. October 2018 - 9:01

Втор ден од Самитот 100 во Белград

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој од вчера учествува на регионалниот собир на бизнис лидери од регинот САМИТ 100 во Белград, денеска ќе се обрати на панелот „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар“.

На панелот што ќе се одржи попладне ќе дискутира и потпретседателот на Владата на Републиа Србија Расим Љајиќ.

Вицепремиерот вчера во рамки на Самиотот се обрати на панелот на тема „Регионална соработка, предизвици и перспективи“ на која дека треба да се отстранат административните бариери и да се направи заеднички пазар.

- Државите, порача, треба да се занимаваат со проекти што ќе обезбедат логистика за бизнисот. Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, расте бројот на странските директни инвестиции, ги изедначивме критериумите за домашните и странските инвеститори.

На дводневниот Самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа, во Белград учествуваат над 200 најистакнати деловни лидери од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и претставници на државите од регионот.

Главна тема на Самитот е дигиталната трансформација.

Иницијатори за одржување на Самитот на 100 бизнис лидери се Српската асоцијација на менаџери (САМ), Здружението на менаџери на Словенија (ЗМ), Хрватското здружение на работодавачи (ХУП), Алкалоид од Македонија, Атлас фондацијата од Црна Гора, ББИ Банка и АСА холдинг од БиХ.

Првиот состанок се одржа во октомври 2011 година во Аранѓеловац, а претходниот шести Самит 100 се одржа во Скопје во октомври 2017 година.