Loading Video...
Спорт плус
2. January 2022 - 14:42

Втор ден на релито Дакар

Традиционално почетокот на новата година е резервиран и зајпознатото светско автомобилско рели Дакар чиј домаќин годинава е Саудиска Арабија. 
 
Победник на првата етапа на 44-тото издание во конкуренција на  автомобилистите беше Насер Ал-Атијах од тимот на Тојота, кој делницата од 614 километри од Џедах до Хаил ја мина најбрзо, притоа оставајќи го зад себе трократниот шампион Карлос Саинц на втората позиција. 
 
Кај мотоциклистите најбрз беше Даниел Сандерс од тимот на  Гас-Гас, а како втор трката ја заврши Пабло Квинтаниља, на Хонда. 
 
Денес се вози специјална етапа околу Хаил во должина од  514 километри.