Втор ден кампања за локалните избори, партиите на митинзи и средби со граѓани
Партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, денеска, на вториот ден од 20-дневната изборна кампања ќе одржат митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечерва централен митинг ќе одржи во Гевгелија. Претходно митинзи ќе одржи и во Дојран, Валандово и Богданци.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има закажано митинзи во Виница и Кочани, а претходно ќе ги посети населените места Чешиново - Облешево и Зрновци.
Според агендата, Демократската унија за интеграција вечерва ќе одржи митинзи во Пласница, Дебреште и во Црнилиште.
ДПА пак митинг ќе одржи во Житоше, општина Долнени.
Од Алијансата за Албанците (НДП - УНИТЕТИ) за денеска најавија дека ќе отворat изборен штаб во село Чајле, гостиварско, во присуство на кандидатот за градоначалник на Гостивар, Шпат Исеини.
Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници