Втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана
Во Тирана денеска продолжува работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на Отворен Балкан со фокус на менаџирање и брза реакција при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза.
-Во услови на светска економска и енергетска криза, регионалното поврзување со цел поголема енергетска стабилност е најголемиот фокус на Владата на Северна Македонија, а истата цел ја делиме и со нашите партнери и пријатели од регионот. Наш заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети како и безбедно и стабилно снабдување со енергенси кои се достапни за нашите граѓани, соопшти владината прес-служба.
Трите држави, се истакнува во соопштението, се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза претставува предизвик и приоритет поради што Северна Македонија, Србија и Албанија создаваат механизми за меѓусебно помагање.
-Дополнително во организација на министерката за земјоделство на Албанија Фрида Крифца, денеска во Тирана ќе се одржи средба на претставниците на трите држави со албанските откупувачи и дистрибутери со цел да се разгледаат нови можности за увоз и извоз на шеќер, масло, брашно и сол во регионот по услови кои се поволни за македонската, српската и албанската економија, посочуваат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет