Вртоглава сума - Колкава ќе биде претседателската плата на Трамп
Новоизбраниот претседател на САД, Долнад Трамп би требало, како што пишуваат американските медиуми, да очекува годишна плата од околу 400.000 долари за која не е сигурно дека тој воопшто ќе ја користи.
„Независне новине“ пренесува дека контроверзниот милијардер на новата функција, имајќи ги предвид неговите „навики“, ќе заработува „мали пари“.
Весникот потсетува дека неговото богатство е проценето на околу 3,7 милијарди долари, но бидејќи одби јавно да ги објави документите за враќање на данок, во светот се води голема дебата за тоа колку всушност навистина „тежи“ Трамп.
Тој претходно изјави дека ако стане претседател, нема да земе „ниту еден долар“ од овој износ, но оставува да се види дали ќе го направи она што го направија Херберт Хувер и Џон Фицџералд Кенеди, кои претседателската плата ја донираа во хуманитарни цели.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени