Врнежите полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
Врнежите од дожд полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко и почнува да се собира доволно вода за наредната сезона за наводнување.
Ова го соопшти Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица, кој додава дека најголемите акумулации „Турија“ и „Водоча“ се полнат со очекуваното темпо.
-Според денешните мерења во „Турија“ досега има акумулирано 25,8 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а во „Водоча“ 10,1 од вкупно 27 милиони кубни метри вода. Очекуваме и помалите акумулации „Новоселка“, „Маркова река“, „Чаушица“ и „Иловица“ да се наполнат, бидејќи во наредниот период се најавуваат обилни врнежи и снег, изјави Ѓоргиев.
Инаку,од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно, а за наводнување се користат 18 милиони кубни метри вода, додека од браната „Водоча“ се трошат околу шест милиони кубни метри вода за наводнување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник