Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во западните делови и на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/ч.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови каде што ќе достигне и над 50 сантиметри нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.
Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува и засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава